| четврток, 6 декември 2018 |

Билд во Скопје на разговори со партиски претставници

karl bildПоранешниот премиер и шеф на дипломатијата на Шведска Карл Билд денеска во Скопје треба да разговара со претставници на политичките партии во врска со политичката криза во Македонија.

Претпладнево Билд ќе има средба со лидерот на СДСМ Зоран Заев, а подоцна во седиштето на партијата и со првиот човек на ДУИ Али Ахмети. Во текот на денот се очекува тој да разговара и со претставници на ВМРО-ДПМНЕ и на Беса.

Во пресрет на средбите во Скопје, Билд на твитер напиша дека крајот на уставната криза во Македонија не е на повидок.

– Се чини дека разликите во ставовите се се подлабоки. Ситуацијата е тешка, вели Билд, кој е поранешен европски пратеник за Балканот. Тој не наведува детали за посетата на Скопје и за евентуални средби.

Карл Билд сега е копретседавач со Европскиот совет за надворешни работи, невладина организација која се занимава со политички анализи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top