| четврток, 6 декември 2018 |

Карл Билд во посета на Скопје

карл

Поранешниот шеф на шведската дипломатија Карл Билд на својот твитер профил објави дека денеска доаѓа во посета на Скопје.

– Крајот на уставната криза во Скопје не е на повидок. Се чини дека разликите во ставовите се се подлабоки. Ситуацијата е тешка- наведува Билд, кој е поранешен европски пратеник на Балканот. Тој не наведува детали за посетата на Скопје и за евентуални средби.

Карл Билд сега е копретседавач со Европскиот совет за надворешни работи, невладина организација која се занимава со политички анализи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top