Властите во Киев ја разгледуваат можноста поранешниот премиер и министер за надворешни работи на Шведска, Карл Билд да биде кандидат за премиер на Украина, изјави неименуван украински владин претставник.
Билд е разгледуван како можен кандидат заедно со украинската министерка за финансии Наталија Јареско, гувернерот на Одеската Област и поранешен грузиски претседател Михаил Сакашвили и претседателот на Врховната рада, Володимир Гројсман.
Претседателот Петро Порошенко активно работи Билд да биде именуван за премиер на Украина, истакна неименуваниот извор, додеавајќи оти Билд е запознат со украинската тематика, а „сега е без работа“.
Според украинските медиуми, именувањето на Билд на местото на актуелниот премиер Арсениј Јацењук ќе ја елиминира опасноста од распад на коалицијата во Врховната рада и ќе овозможи разговори со меѓународните донатори на Украина.
На 29 декември Јацењук изјави дека е подготвен да ја напушти премиерската функција, но откако „ќе ја заврши работата“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.