| четврток, 6 декември 2018 |

Главната опозициска сила во Турција денес официјално ќе побара поништување на референдумот

erdogan

­ Главната опозициска сила во Турција, Народно­ републиканската партија (НРП) ќе и достави денеска на Државната изборна комисија барање за поништување на референдумот, кој се одржа в недела.

Заменик­претседателот на НРП, Булент Тезџан изјави дека ќе ја поднесе жалбата до Комисијата во 14:30 часот по локално време. НРП повика вчера за поништување на гласањето и изјави дека ќе го постави прашањето и до Европскиот суд за човекови права, доколку е потребно, по одлуката на Комисијата во последен миг да ги прифати како важечки гласачките ливчиња без печат.

Турскиот прмеиер Бинали Јилдирим изјави дека изјавите за неправилности се бесполезни напори да се фрли сенка врз резултатите од референдумот. Според него, волјата на народот е јасна и дебатите за резултатите од референдумот се завршени. Тој ја повика опозицијата да ги почитува резултатите од референдумот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top