Најдобриот тенисер на светот, Новак Ѓоковиќ и покрај победата на „Ролан Гарос“ поминува низ тежок период во неговиот живот. Почина Јелена Генчиќ, неговиот прв тренер, „тениската мајка“, како што тој ја нарекуваше и за него повеќе ништо нема да биде како порано.
Според однесувањето и по мечот со Григор Димитров беше очигледно дека Новак не знае дека неговата тениска учителка изнанадно починала. Неговиот тим ја сокрил од него таа информација за растеретен да влезе во мечот со бугарскиот тенисер, кому брзо и лесно му се освети за поразот во Мадрид, а со 500-та победа стигна до осмина финалето на „Ролан Гарос“.
По заминувањето во соблекувалната Ѓоковиќ со пречекала тажната вест која тешко ја поднел. Новак останал без зборови, па организаторите го прифатиле неговото извинување да не се обрати на новинарите на официјалната прес-конференција по мечот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



