| четврток, 6 декември 2018 |

Лукаку дефинитивно си заминува од Евертон на крајот од сезоната

romelu lukaku

Премиерлигашот Евертон најверојатно ова лето ќе остане без најдобриот фудбалер од последните сезони, Ромелу Лукаку. Белгиецот го достигна својот врв во Евертон и сега посакува нов предизвик во кариерата, поточно клуб кој ќе се бори за титула во домашното првенство како и во Лигата на шампионите па дефинитивно нема да потпише нов договор со „карамелите“.

– Разговарав со Ромелу и ми рече дека не сака да потпише нов договор. Сака да заигра во нов, поконкурентен тим – изјави Роланд Куман, менаџерот на Евертон.

Сега на ред се големите клубови да започнат со наддавањата за услугите на еден од најдобрите напаѓачи на светот. Како најсериозни кандидати се споменуваат Челзи и Манчестер Јунајтед, но конкуренцијата може да биде зголемена и со некој од шпанските и италијанските гиганти.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top