| четврток, 6 декември 2018 |

Во Куманово отворена изложба „Филигранска конгломерација“ од Викторија Симакоска

filigranВо Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ во Куманово вечерва беше отворена изложбата „Филигранска конгломерација“ од авторката Викторија Симакоска од Струга.

Кумановци имаа можност да разгледаат 25 експонати од минијатури до средна големина.

– После извесен период имаме изложба на филиграни.Авторката се обидува на свој карактеристичен начин да инкорпорира свои видувања и уметнички да се изрази, изјави Роберт Цветковски, историчар на уметност од кумановскиот Центар за култура.

Авторката досега учествувала на бројни домашни изложби и саеми во странство. Според неа, најголемо внимание привлекува сребрената пеперутката, нешто по што филигранството од Македонија е познато во светот.

– Кумановската публика ќе има можност да разгледа пеперутки изработени во различни големини од нашиот крај, лебедите, а тука се и крстовите претпразнично, рече Симакоска.

Изложбата во Куманово ќе биде отворена до 26.април.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top