| четврток, 6 декември 2018 |

Меркел признава сериозни антитерористички пропусти

Германската канцеларка Ангела Меркел призна дека има законски пропусти во пристапот на 16-те федерални покраини на државата кон заканата од тероризам

-За жал, има сериозни разлики, што се однесува до законите во одделните провинции- вели Меркел во интервјуто за весниците од медиумската група „Функе“.

Канцеларката ги повика федералните субјекти да прифатат општ пристап за унифицирање на нивото на безбедност и ја посочи како пример за разминување Северна Рајна Вестфалија, каде што полицијата нема право да врши рутински проверки по случаен избор. Меркел додаде дека извршувањето на надзор на лица кои се сметаат за потенцијална закана, не е дозволено насекаде во Германија.

-Никогаш нема да отстапиме пред теророт. Свесни сме дека, како и многу земји, сме под закана и правиме сé за да гарантираме безбедност во услови на слобода за нашите граѓани, во тесна соработка помеѓу федералната влада и провинциите- вели Меркел.

Канцеларката изјави дека во германските служби за безбедност се назначени новите вработени и дека им се обезбедени уште ресурси. „А каде е потребно, ќе ги промениме и законите“.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top