| четврток, 6 декември 2018 |

Цело село се крена на нозе, турновци во еуфорија, доаѓаат во Скопје по титула

Цело село се крена на нозе за фудбалски натпревар што коже да му донесе историска шампионска титула на Хоризонт Турново. Противник е актуелниот првак Вардар, најтрофејниот клуб во Македонија, а битката, се разбира фудбалска ќе се води на националната арена „Филип Втори“ во Скопје.

Вардар има два бода повеќе од конкурентот и му одговара и реми, но шампионите велат дека ги интересира само победа за седма титула во Македонија, осма ако се смета и таа од сезоната 1986/87 година во поранешна Југославија.

Вардар е фаворит, ќе игра пред своите симпатизери, има поголем буџет и подобро платени фудбалери, но и Турново не е за потценување. Балдовалиев, Блажевски, Мојсов и останатите играчи на Хоризонт, се вистински хит во македонското првенство. Утре ќе ја имаат подршката од своите навивачи, а еуфорична атмосфера владее на Југоистокот од Македонија. Гостите најавија дека ќе допатуваат 4-5 авотобуси со навивачи од Турново, место со 1300 жители, од кои половината се на печалба.

Avtobus

Интерес има и од околните села, па интересно е дека се организираат пунктови од кои ќе се патува за Скопје. Турново, Секирник, Просениково, па и Струмица, ќе се обединат денеска во обид да му помогнат на Хоризонт да ја совои титулата. Ќе биде ли обоена во „сино“ на радост на турновци, или ќе слават симпатизерите на „црвено-црната“ боја, ќе се знае некаде околу 19 часот. Натпреварот почнува во 17 часот.

Vardar-Metalurg-9

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top