Инцидент со прекин и напад на судиите Зипевски и Ѓоревски од Гостивар, се случи вчера попладнево во Битола на ракометниот натпревар меѓу Пелистер и Тинекс Пролет, објави Канал 5 телевизија.
Инцидентот се случил на 5 минути до крајот, кога нападнати биле судиите Зипевски и Ѓоревски од Гостивар, како и неколку гостински ракометари, по што натпреварот бил прекинат. Според информациите еден играч на Пролет е повреден, а нападните биле и судиите, по што тие го прекинале натпреварот. Овој голем инцидент ќе значи и полни раце работа за водечките луѓе во РФМ, кои ќе треба да донесат одлука како да ги санкционираат ваквите нереди, за ништо слично да не се повтори во иднина.
Натпреварот меѓу Пелистер и Тинекс Пролет, одлучуваше кој од овие два тима ќе се избори за место во европските купови во следната сезона.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


