Првиот носител на турнирот Новак Ѓоковиќ славеше во мечот против Григор Димитров. Тој лесно го доби овој меч, со резултат 3:0 или по сетови 6:2, 6:2 и 6:3 . Српскиот тенисер го чека епилогот од дуелот меѓу Филип Колшрајбер и Виктор Ханеску.
Денеска Јелена Јанковиќ со пресврт забележа победа над Саманта Стосур. Иако тенисерката од Австралија поведе со 6:3, следуваа два сета во полза на Јанковиќ, која со 6:3 и 6:4 се пласираше во четвртото коло.

Турнирот заврши и за Петра Квитова од Чешка. Таа неочекувано во два сета загуби од Американката Џејми Хемптон.
Фото: ЕПА
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


