| четврток, 6 декември 2018 |

Сите ја знаат и пеат „Dance аlone“ ! (ФОТО)

Десет дена, стотина интервјуа, три големи концерти: Јана Бурческа ја промовираше евровизиската „Dance аlone“ во Лондон, Тел Авив и во Амстердам

Првата станица, од десетдневната промотивна турнеја на Јана Бурческа, беше учество на првата и најстара евровизиска забава во Лондон. Десеттото јубилејно издание и годинава се одржа во реномираното „Café de Paris“ во срцето на Лондон, а на забавата освен дваесет и еден годинашен евровизиски претставник, за публиката настапија и големите евровизиски диви и победнички на „Евровизија“, Руслана и Кончита.

jana burceska koncita

Кончита Вурст и Јана

 

Симпатии и поддршка од новинарите !

Новинарите ја дочекаа Јана со голема возбуда и желба да ја запознаат девојката којашто годинава пее една од песните фаворит. Спонтана и непосредна во своите одговори, Јана со часови се задржа во прес центарот, а беспрекорниот англиски јазик, направи таа да звучи сосема природно и да ги даде најдобрите интервјуа за новинарите во текот на денот.

jana burceska intervju

Јана беше една од шесте изведувачи одбрана да даде изјава за најгледаното утринско шоу „Good morning Britain“, а покрај стандарните интервјуа за најголемите евровизиски фан страници, Јана гостуваше и на London TV, а го воодушеви и популарниот радио водител и коментатор на Евровизија за BBC, Скот Mилс, рецитирајќи поезија на Џон Китс.

 

„Dance Alone“ има поинаква верзија за живиот настап во Киев!  

jana burceska

Второто издание на Israel Calling, донесе нова возбуда, бидејќи на овој настап Јана ја промовираше и новата верзија на „Dance Alone“, којашто наместо со инструментален дел како на видео записот, започнува во рефрен. Оваа верзија е официјална и за сценскиот настап во Киев.

 

Јана во Израел ја запозна и Дана Интернешнл, победничка на Евровизија за Израел во 1998-та година. Очигледно Дана не заборавила дека токму поените на Македонија беа одлучувачки за нејзината победа, па додека ја пееше Вива ла Дива на сцената ја покани Јана за да танцуваат заедно, изразувајќи поддршка за нашата претставничка.

jana burceska

Четири дневниот настан во Израел им приреди на делегациите топло добредојде и низа активности, како црвен килим и свечен прием, прес-конференција и средба со медиумите, посета на Ерусалим, засадување дрвца во Евровизиската шума, крстарење и уште многу заеднички моменти и сето тоа проследено од бројни новинарски екипи.

jana

Турнејата заврши со учество на официјалната евровизиска забава Eurovision in concert, поддржана од ЕБУ, кадешто годинава настапија рекорден број изведувачи; дури 35 од вкупно 43 земји учеснички годинава беа дел од овој промотивен настан.

jana

Уште една ексклузивност за нашиот тим беше можноста за настап на официјалната забава на ОГАЕ Холандија. Главни ѕвезди на овој концерт беа нашите Тијана и Тамара, коишто ја поканија Јана да им се придружи на сцената и да ја отпее пред публиката „Dance Alone“, изразувајќи огромна поддршка за својата колешка.

„Тоа што сите ја истакнуваат „Dance Alone“ како еден од фаворитите, воопшто не ми создава притисок, напротив силно ме мотивира да го дадам најдорото од себе во Киев. Промотивната турнеја беше одлична подготовка за Евровизија и можност за усовршување, премногу сум возбудена и едвај чакам да заминам за Киев и повторно да ги сретнам моите евровизиски колеги, со коишто навистина се зближивме овие десет дена и морам да кажам дека енергијата меѓу учесниците е фантастична“ – Јана Бурческа!

 

Сите ја знаат и пеат „Dance Alone“ !

image-0-02-05-0b97ceacd7f254d7ed850aeacc5cc2332c35d9e9d7dc16f62290a2360d34e385-V

Евровизиската „Dance Alone“ е со сигурност една од омилените евровизиски песни годинава. Најчестите коментари од фановите и медиумите се дека македонската евровизиска песна е меѓу топ пет, топ три или песна фаворит годинава. За тоа говорат не само одличниот прием од страна на публиката на промотивните концерти, кадешто сите ја пееа во еден глас „Dance Alone“, туку и бодовите коишто фановите најчесто ги даваат за песните на специјалната апликација за бодување.

jana i din

Возбудата за „Dance Alone“ продолжува понатаму, а најголем интерес медиумите покажаа за сценскиот настап и за тоа на кој начин песната ќе биде претставена на евровизиската сцена.

Македонската евровизиска делегација за Киев заминува на 1 мај, а последните три недели пред заминувањето се посветени токму на усовршување на сценските движења, вокални вежби, како и финални проби за костимот на Јана, којшто го изработува нашиот моден дизајнер Антонија Ристовска. Неделава се доснимуваат и кадри за официјалната разгледница.

jana

Следната недела Македонија ќе ја посети претставничката на Германија, Левина, којашто заедно со Јана подготвува специјално изненадување за евровизиските фанови во Македонија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top