Едгардо Бауза повеќе не е селектор на Аргентина откако „гаучосите“ му врачија отказ на овој стратег по серијата слаби резултати во квалификациите за СП 2018 во Русија. Иако новиот претседател на Аргентинската Фудбалска Аасоцијација, Клаудио Тапија, кој беше избран на крајот од март најави дека има доверба во селекторот, сепак се реши да му врачи отказ на Бауза.
– Постигнавме вербална согласност. Веќе го известивме Бауза дека повеќе не е селектор на Аргентина – изјави Тапија.
Едгардо Бауза беше селектор на Аргентина на осум натпревари, бележејќи три победи, три порази и две реми. Под негово водство Аргентина падна на петтото место на табелата во квалификациите за СП.
Аргентинските медиуми најавуваат дека за нов селектор во следните денови и официјално ќе биде избран Жорге Сампаоли, стратегот што како селектор на Чиле два пати ја победуваше Аргентина во финалето од Копа Америка. Тој моментно е тренер на Севилја, но се очекува летово да си замине од шпанскиот клуб, по што повеќе би немало пречки тој на крајот од сезонава да седне на клупата на „гаучосите“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
„Прозарт Медиа“ објави дела од врвни аргентински автори: „Разузнавачки извештаи“ и „Свињите“ на македонски јазик
-
Хрватскиот селектор: Ако станеме светски прваци, никој нема да работи до септември!
-
Табарез повеќе не е селектор на Уругвај
-
Прва сезнација на фудбалското СП: Аргентина ремизираше со Исланд, Меси промаши пенал