Првиот светски фудбалски првак, репрезентацијата на Аргнетина ремизираше со дебитантот на Мундијалите, селекцијата на Исланд, 1-1, во првиот натпревар од групата „Д“.
Трагичар на мечот беше Лионел Меси. Ѕвездата на Барселона беше најактивен за неговиот тим, но промаши пенал во средината на вториот дел. Тоа беше четврто промашување за него од белата точка од неговите последни седум обиди.
Резултатот го отвори Серхио Агуеро во 19-тата, но само четири минути подоцна изедначи Алфред Финбогасон.
Во второто кол, на 21 јуни, Аргентина ќе се состане со Хрватска, а следниот ден ќе играат Нигерија и Исланд.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
„Прозарт Медиа“ објави дела од врвни аргентински автори: „Разузнавачки извештаи“ и „Свињите“ на македонски јазик
-
Меси и неговата нова мајсторија за која зборува цел свет! (Видео)
-
Палота до Барселона: Дајте ни го Меси и сè ви е простено
-
Најголемиот талент во школата на Барса има 15 години и живее како крал (Фото)