Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо ќе побара челниците на клубот да му дадат 200 милиони фунти на располагање за доведување на нови играчи. Португалскиот стратег сака да смени речиси половина тим и во новата сезона да тргне во поход кон титулата во Премиерлигата.
Прв на листата желби е ѕвездата на Атлетико Мадрид, Антоан Гризман, кој вреди дури 86 милиони фунти. Манчестер е подготвен да ја плати клаузулата за голгетерот на „јорганџиите“.
На листата се и француските бекови Бенџамин Менди и Џибрил Сидибе, кои вредат околу 37 милиони фунти. Тука е и играчот за врска Темуе Бакајоко, како и Ерик Дајер од Тотенхем.
Мурињо има направено листа на желби, сега останува дали ќе ја добие посакуваната сума за да се обиде да ги купи посакуваните играчи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.