| четврток, 6 декември 2018 |

Страдала од постпородилна депресија: Трудница во 8 месец се обесила во плакар

vesanje-2

Млада трудница, која требало да се породи за еден месец, се обесила во плакар. Нејзиниот сопруг Стујард Вилкокс изјавил дека ова е тежок период и дека шред да заврши во болница сиротата мајка имала два инцидента.
Триесет и шестгодишната Кејт Вилкокс, која страдата од постпородилна депресија, за неколку недели требало да го роди второто дете, а наместо тоа била пронајдена како виси во плакарот во 36 недела од бременоста. По првото породување во 2014 година, кога ја родила ќерката Ирис, почнала да страда од постпородилна депресија. Примала терпија, а била и на разговор со лекари, кои успеала да ги убеди дека е добро. Судот потврдил дека веќе еднаш се обидела да изврши самоубиство, што е очигледен крик за помош.
Нејзиниот сопруг Стујард сведоч дека еднаш вќе се обидела да се предозира со терапијата.
– Разговравме, ама немав претстава дека има намера да си го одземе животот. Страдаше од депрезија, беше многу затворена, а последен пат разговаравме утрото пред да си го одземе животот, вели тој.
Стујард вели дека пет месеци пред лекувањето сѐ изгледало како да ќе се поправи нејзината состојба, но за жал таа се влошила, а кулминирла откако повторно забременила.
Кејт е пронајдена минатата година на 12 август како виси во плакар во својот дом во југоисточен Лондон, пренесува Дејли меил.
Пред самоубиството оставила порака:
„Стујард, не влегувај. Жал ми е за сѐ, ти си прекрасен човек и би сакала да можам да го вратам времето“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top