Во притворското одделение на затворот во Прилеп утрово се обесил притвореник, јавува порталот Досие. Според првичните информации, се работи за момче на 28-годишна возраст кое било во притвор оти било осомничено за извршено разбојништво.
Според извори на порталот, никој не забележал дека момчето може да посегне по животот. Бил со неколкумина цимери во собата. Изутринава кога биле пуштени притворениците на прошетка во дворот, само момчето не излегло. Кога се вратиле цимерите го нашле обесен. Се обиделе да помогнат, но веќе било доцна.
За настанот се известени сите надлежни институции и ќе се истражува како притвореникот останал сам без надзор и успеал да се обеси без да биде забележан од ниту една служба и другите притвореници во затворот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Скандал во Идризово: Повеќе од два месеца нема лекови во затворот
-
Во 12.500 пораки го опишале одвратното злоставување на бебе и 5 годишно девојче: Мајката и љубовникот осудени на 50 години затвор
-
Разрешен директорот на затворот во Струга
-
Европскиот суд за човекови права пресуди: Имало тортура во тајни затвори на ЦИА во Романија и во Литванија