Шведските болници се борат за место повеќе за своите пациенти, а поради немање место на одделение, една бремена жена почина во одделението за итна помош.
Жената се жалела на главоболки и повраќање, кога ја посетила локалната болница на западниот дел од Шведска, во декември, јави шведската национална телевизија. На жената требало да ѝ се направи скенирање на мозокот, но бидејќи немало доволно кревети на неврологија, таа останала на одделението за итна помош.
Ноќта состојбата ѝ се влошила, па била префрлена на одделението за неврологија на итна операција, но не можеле да ја спасат. Болницата поднесе предлог-закон наречен ‘Лекс Марија’ (Законот на Марија), соопштија од Инспекторатот за здравје и социјална грижа, од каде ја осудија состојбата на пренатрупаност во болниците.
„Неадекватно ниво на грижа, недоволно добро пренесување на информации и задоцнет транспорт се фактори кои придонесуваат он трагично завршување на случајот“, информира SVT, каде не се прецизира во кој месец од бременоста била жената.
Болницата официјално се нема произнесено, но неколку медицински лица го дигнаа гласот и соопштија дека во Универзитетската болница Салгренска, чиј дел е и болницата каде почина жената нема место за пациентите.
„Пациентите на кои им е потребна нега се сместуваат на несоодветни одделенија или остануваат во одделението за итна помош, каде се внимава на нив, а постојано доаѓаат нови пациенти“, вели Карин Франк, претставник на здравствениот оддел во болницата Молндал.
И претходно медиумите пренесуваа информации за тоа дека шведските болници немаат доволно место за пациентите, па така три двојки кои очекуваа бебиња, предвремено и кај кои беа можни компликации заминаа во Финска на породување.
Лани, бебе почина затоа што трудница во поодмината бременост беше вратена затоа што немаше место во болницата, а во 2014 година Швеѓанец беше приморан да ја породи својата сопруга на задното седиште на такси возило, затоа што биле одбиени да бидат примени во болница, од каде ги известиле дека нема место во ниту една болница во Стокхолм.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шведскиот Парламент не ја изгласа предложената коалициска малцинска влада
-
Филипче се грижи за граѓаните, ама не знае како да стигнат до клиника!
-
Нов скандал во здравството: Отпадна најквалификуваната сестра, прва на листа, а се вработи последната
-
Зрак на надеж: Дарко Лазиќ е подобар, утринава го посетила и свршеницата!