На три месеци пред почетокот на летниот трансфер период во фудбалска Европа, еден од најдобрите фудбалери на денешницата и член на Атлетико Мадрид, Антоан Гризман, синоќа изјави дека е уморен од разните шпекулации за неговото евентуално заминување од Шпанија.
– Секогаш исто прашање и не знам што да кажам. Сум ги кажал ова многу пати и сега пак ќе ви повторам – јас се гледам во овој клуб. Ве молам не ме прашувајте повторно во врска со ова – изјави фудбалерот на „јорганџиите“.
Веќе подолг период британските и шпанските медиуми тврдат дека од идната сезона Гризман ќе стане нов „ѓавол“, а оваа шпекулација посебно ја разгори Французинот кога изјави дека Бекам е неговиот идол и поради него ја носи „седумката“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.