| четврток, 6 декември 2018 |

Приврзаниците на Црвенковски собрале 23,000 потписи, се чекаат Охрид, Ресен и Струга

На вчерашниот состанок на иницијативниот одбор за поддршка на кандидатурата на Бранко Црвенковски за старо нов лидер на СДСМ било утврдено дека до нив пристигнале над 23000 потписи со поддршка за Црвенковски.

На фејсбук профилот на групата Отпор се најавува дека дополнително се очекуваат потписи од Охрид, Ресен, Струга и други градови кои треба да бидат предадени до почеток на конгресот в недела.

Потписите во архивата на партијата ќе ги предаде најстариот и најмладиот член на СДСМ кои што на конгресот треба и вербално да го пренесат ставот на приврзаниците на Црвенковски кои што ќе ги повикаат делагатите да гласаат за него затоа штониту една друга опција не е добра за најголемата опозициона партија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top