| четврток, 6 декември 2018 |

Ти не си геј! – лечење на хомосексуалност со мобилна апликација

Иако одамна постојат религиозни групи кои тврдат со помош на молитва може да ги „преобразат“ хомосексуалците, сега тоа може да се прави од приватноста на вашиот дом.

„Ослободување на затворениците“(„Setting Captives Free“) е христијанска група која тврди дека може да помогне во борбата против сите пороци кои ве мачат: алкохол, цигари  и хомосексуалност.

 

Интерактивниот 60-дневен  курс „Врата на надежта“, Ве учи како да уживате во односот со Бога и како да се ослободите од хомосексуалните мисли.

 

Исто така постои и верзија за Ајфон и Андроид уредите, а во описот на апликацијата стои:  „Иако Ви кажале така, Вие немате таканаречен  „Геј ген“ во себе, ниту пак сте родени такви“.

 

– Пред неколку години тврдеа дека хомосексуалноста е предизвикана од демони и дека меѓу хомосексуалците постои култ кој му се „поклонува“ на машкиот полов орган што. Ви даваат ментор на кој мора да му се јавите секој пат кога ќе мастурбирате и кој поттикнува на самоказнување. На крајот за малку ќе извршев самоубиство – раскажува за своето искуство со групата еден од читателите на списанието „Queerty“ .

 

Епл веднаш реагираше апликацијата и на крај таа беше повлечена од  Ајтјунс (iTunes),  а Гугл соопшти дека ги истражува сите примени поплаки.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top