| четврток, 6 декември 2018 |

Кинеска клиника нуди терапија со електрошок против хомосексуалност

kitaijska-klinika-lekuva-pacienti-s-elektroshok-sreshtu-homoseksualizym-274953

Кинеска психијатриска клиника е осудена да плати оштета на хомосексуалец, кој поднел тужба против клиниката за спроведување на електрошок со цел лекување. Се смета дека ова е прв судски случај во Кина во врска со спроведување на така наречена „Конверзна терапија“.

Адвокатот на тужителот тврди дека, окружниот суд во главниот град Пекинг,и наредил на клиниката да му исплати 3500 јоани (560 долари) оштета на Јан Денг, за трошоците кои ги имал за терапијата. Судот исто така утврдил дека нема потреба да се применуваат шокови, бидејќи хомосексуалноста не бара третман.

Јан изјавил по телефон, дека е многу задоволен што судот застанал на негова страна и дал дефиниција дека хомосексуалноста не е ментална болест, која бара третман. Тој објасни дека терапијата вклучувала хипноза и електрошок кои му наштетиле како физички така и емотивно. Јан додал дека доброволно подлегнал на терапијата во февруари, по притисокот од своите родители да се ожени и да има деца.

Според него пресуда ќе им помогне на бранителите на правата на лицата со нетрадиционална сексуална ориентација, за да ги убедат клиниките да престанат да нудат слични терапии, како и родителите да не вршат притисок врз хомосексуалните деца да се подложуваат на лекување.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top