Со цел да му се помогне на локалното население кое претрпе штети од поплавата и волонтерските акции да бидат покоординирани, екипата на System4Enterprise создаде мобилна апликација – HelpMark.me, којашто овозможува маркирање на потреба од помош на одредени локации и ја олеснува координацијата при доставата на истата.
Апликацијата е платформа каде имаат можност да се спојат волонтерите и оние кои имаат потреба од помош.
Како функционира HelpMark.me?
1.Пријави потреба од помош на локацијата на која се наоѓаш.
2.Прегледај каде има потреба и одбери каде ќе помогнеш. Ако избраниот маркер не успееш да го опслужиш во рок од 12 часа, маркерот се враќа во статус „потребна помош“.
3. Во моментот кога потребата ќе е опслужена, маркерот се брише од мапата. Тоа може да се направи само од локацијата каде маркерот е поставен.
„HelpMark.me“ можете да ја симнете директно на вашиот телефон преку Google Play Store.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.