Во Скопје денеска ќе се одржи првата македонска Конференција за мобилни апликации.
MobileFirstMK е еднодневна конференција на која македонските ентузијасти и инженери за мобилни апликации првпат ќе имаат можност да го збогатат своето знаење од областа на развој на мобилни апликации. Ќе бидат разработени теми од сите аспекти на создавањето квалитетна апликација – од нејзиниот дизајн, самото програмирање и нејзиното претставување на пазарот.
Предвидени се и излагања на домашни и странски предавачи, а присутните ќе имаат можност да учествуваат и на панел дискусија за новитетите и насоките во индустријата.
Конференцијата ќе се одржи на ФОН Универзитетот, а е поддржан од хрватската софверска компанија FIVE.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Конференција за спа туризам и туристичка берза во Скопје
-
Делегација од Управата за заштита на културното наследство учествуваше на првиот Европски самит во Берлин
-
„МакеДокс“ организира Меѓународна конференција „Аудио‐визуелно образование ‐ иднина или сегашност“ во МКЦ
-
Експерти од регионот ќе дискутираат за проблемите во образованието на возрасни