Вечерва, (7 април), со почеток во 19.30 часот во ликовниот салон на ЦК „Марко Цепенков“ во Прилеп ќе биде отворена изложбата на дела од Кичевската ликовна колонија…
Во прекрасниот амбиент во Куќата на Уметноста во Кнежино, кичевско, далеку од вревата и тешките македонски горештини, во креативна творечка и релаксирана атмосфера во јули минатата година се одржа 23- та Интернационална Кичевска ликовна колонија, на која учествуваа 23 учесници од 13 држави Македонија, Израел, С.Кипар, Индија, Ирак, Албанија, Бугарија, Србија, Германија, Казахстан, Хрватска, Косово, и Турција.
Се изработиле вкупно 65 нови дела во различна техники – акрил на платно, масло на платно, комбинирана техника, како и 4 склуптури од метал и 1 скулптура од дрво.
Дел од создадените дела, меѓу кои и на прилепскиот уметник Тони Чатлески ќе бидат изложени на изложбата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.