| четврток, 6 декември 2018 |

Дарко Станиќ најдобар голман во Лигата на шампионите

Голманот на Металург Дарко Станиќ е број 1 во Лигата на шампионите, во сезоната кога македонскиот шампион го забележа најдобриот пласман во историјата со настап во четвртфиналето против Кјелце.

Станиќ во конкуренција на 4 голмани, номинирани од ЕХФ, победи уверливо и е во идеалната седморка на елитното ракометно натпреварување, ЛШ. Во анкетата гласаа околу 20 илјади симпатизери на ракометот, а покрај Станиќ во идеалниот тим се и Филип Јиха и Даниел Нарцис од Кил, Иван Чупиќ од Кјелце, Ласло Наѓ од Веспрем, Андерс Егерт од Флензбург и Агинагалде од Атлетико Мадрид.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top