Деновиве започна изградбата на повеќе тротоарни површини со бекатон плочки во Прилеп. Досега се заврши делот од тротоарите од улицата „Браќа Миладиновци“ или поранешна „Војводинска“, наспроти црквата Света Петка во населбата Точила, а моментално се работи на тротоарите на улиците „Егејска“ и „Орде Чолеа“ во населбата Варош.
– Во продолжение се планира да се продолжи со изградба на тротарите на улицата „Ленин“, потоа нови тротоарски површини ќе добие и улицата „Алексадар Македонски“ од населбата „Димо Наредникот“ спрема улицата „Трајко Николоски“. Ќе се градат исто така тротоари на улицата „Ѓорѓи Димитров“ и на повеќе други локации во градот, истакна Љупче Митрески, раководител на одделението за локални патишта и улици при Општина Прилеп.
Се планира во текот на оваа година во Прилеп да бидат изградени повеќе од 6.000 м2 нови тротоарни површини со бекатон плочки.
– Локалната самоуправа на Прилеп продолжува со реализација на комуналната програма за оваа 2017 година. Се планира да бидат поставени бекатон плочки на над 6.000 метри квадратни тротоарни површини, пред се на главните фрекфентни улици и сето тоа е по барање на граѓани и урбаните заедници, истакна Марјан Ристески, градоначалник на Прилеп.
Средства за овие инвестиции се обезбедени од буџетот на локалната самоуправа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.