| четврток, 6 декември 2018 |

Дувњак: Коленото не чини, но се ќе направам за да играм на ЕП

Еден од најдобрите хрватски ракометари, Домагој Дувњак ги охрабри фановите на „коцкестите“, велејќи дека иако има сериозни проблеми со повредата на коленото, ќе направи сè што е во негова моќ за да го облече репрезентативниот дрес на ЕП, кое ќе одржи токму во Хрватска.

– Коленото не е како што треба. Работам ден за ден, натпревар по натпревар, но се надевам дека со макотрпната работа на лекарскиот тим ќе успеам да ја пребродам оваа хронична повреда. Се разбира како и секој Хрват и јас сакам да ѝ помогнам на мојата држава на ЕП што следува – изјави Дувњак.

И покрај силните болки хрватскиот бек најави дека ќе ја заврши тековната сезона, па по завршувањето со обврските кон клубот, заедно со лекарскиот тим ќе одлучат за следниот чекор – дали повредата ќе се лечи со терапија или ќе оди на операција.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top