– ВМРО-ДПМНЕ нема ништо против Албанците, напротив тие имаат направено многу проекти за нив и тоа е едно од митовите во јавноста, но постоеше една кампања во изминативе неколку години во медиумите и во Македонија и на Балканот каде што ВМРО-ДПМНЕ беше претставен како црн ѓавол. Ние јасно испративме соопштение до јавноста зошто не се договоривме за влада и ние не прифативме Тиранска платформа. Ние пред изборите претседателот на ВМРО-ДПМНЕ го претставивме како претставник за иден премиер и тоа не се промени.
– Во однос на СЈО ние дадовме поддршка кога се формираше и тоа е со рок во траење од 18 месеци, ние не се согласивме да се продолжи рокот и само заради тоа не се согласивме со ДУИ за постигнување на договорот за формирање на влада. Зоран Заев излезе и кажа дека нема проблем со платформата и кога виде дека 200 до 250 илјади граѓани излегоа на улица проба да си игра со јавноста, изјави вечерва во Топ-Тема, на телевизија Телма, Александар Николовски.
Николовски во реплика на прашањето дека ВМРО-ДПМНЕ е партија која е целосно изолирана рече:
– Јас не знам каква изолирана партија е ВМРО-ДПМНЕ која во два дена се сретнува со Ангела Меркел, Доналд Туск, Силвио Берлускони, Орбан, Јанез Јанша и ако ова е изолираност јас не знам што да кажам. Она што можам да го кажам е дека ВМРО-ДПМНЕ има целосна поддршка од сестринските партии и има поддршка и за европските интеграции, така што јасна е поддршката за членство во ЕУ и во НАТО. Никој од овие сестрински партии не кажа да се прави нешто кое е надвор од уставот, истакна Николовски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Николоски: Исходот на референдумот е дефиниран од Законот, а не од толкувањето на власта
-
Николоски: Дали е ова последниот Илинден што го дочекуваме како Република Македонија?
-
Николоски открива: Во јануари ни тврдеа дека нема шанса да менуваме Устав
-
Николоски: Или воопшто нема да има референдум или ќе има референдум којшто ќе е изманипулиран