| четврток, 6 декември 2018 |

Николовски: Извештајот на „Фридом Хаус“ е крајно необјективен

aleksandar-768x478

Не се согласувам дека ВМРО-ДПМНЕ или Владата ја довела Македонија до она што го пишува извештајот на „Фридом Хаус“. Факт е дека извештајот е крајно необјективен.  Ова во вечерашната емисија „Топ Тема“ на телевизијата Телма го истакна Александар Николовски од ВМРО-ДПМНЕ.

Вели дека ВМРО-ДПМНЕ отсекогаш имале проблем со невладините организации и фондацијата која е финансирана од Џорџ Сорос.

– Можеме да дискутираме за демократија и медиуми, но извештајот не можам да го прифатам како релевантен, потенцира Николовски.

Тој посочи дека ВМРО-ДПМНЕ стои на ставот дека не смее да се дозволи кој било претставник на друга држава да се меша во внатрешната политика на Македонија.

Според Николовски, во однос на ВМРО-ДПМНЕ во последниот период се прават неколку митови.

– Еден од тие митови е поврзан со односите со Русија. Стратешка цел на ВМРО-ДПМНЕ останува членство на Македонија во Европската Унија и НАТО. Осудуваме злоупотреба на политичката криза за мешање во политиката во Македонија, посочи Николовски, додавајќи дека единствен проблем зошто Македонија се уште не е членка на ЕУ и НАТО е спорот со името.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top