| четврток, 6 декември 2018 |

Северина проговори: Mи се исполни сонот!

seve

Пејачката Северина открила во едно интервју зошто ја нема во јавноста, но најави и големи проекти.

Имено Севе има големи планови, па така во блиска иднина очекува настап во мјузикл, нов албум, голема турнеја и освојување на САД, почнувајќи од Чикаго и Лас Вегас.

-Мојата година беше одлична, мајчинска, семејна, пријателска, љубовна, концертна.Помнам само убави настани и добри луѓе – рекла Северина на почетокот на разговорот, па додала како приватно ужива многу.

-Уживам во семејниот живот, во својот син и сопруг. Имам голема поддршка од сопругот, кој меѓу другото има извонредно чувство за музика, па заедно дискутираме за песните кои ги слушам 1,5 година, а кои ќе се најдат на новиот албум. Толку знаеме  да се занесеме што таткото на Игор, Драган ни рече дека ќе се разболиме од слушање на песните – рекла Северина.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top