| четврток, 6 декември 2018 |

Дополнителен одмор за Роналдо, нема да настапи на мечот со Леганес?!

zidan i ronaldo

Зинедин Зидан ќе продолжи да тактизира со составот на Реал Мадрид, се со цел да им даде заслужен одмор на играчите на кои тоа им е неопходно во пеколниот распоред што го очекува „кралскиот клуб“ во месец април. Серхио Рамос се враќа во стартниот тим откако го пропушти дуелот со Алавес, но како што најавуваат мадридските медиуми, Зидан вечерва на гостувањето во Леганес ќе го остави на клупата својот најдобар фудбалер, Кристијано Роналдо.

Весникот „Ас“ најави дека одлуката е веќе донесена, и тоа не за да му се даде одмор на Португалецот, туку за да не се ризикува со негова евентуална суспензија. Имено, следниот жолт картон на Кристијано ќе значи и автоматско неиграње на еден натпревар, a во ситуација кога Реал веќе викендов се среќава со градскиот ривал Атлетико тренерот Зидан не сака да ризикува да остане без Роналдо на мадридското дерби.

Во идентична ситуација се наоѓа и Карвахал, кој најверојатно ќе му го препушти своето место на Данило, а „Ас“ најавува дека на клупата за резерви ќе се пресели и Лука Модриќ, што ќе значи шанса за неговиот сонародник Матео Ковачиќ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top