Манчестер јунајтед е се подалеку од позициите кои носат пласман во Лигата на шампионите, па менаџерот на „црвените ѓаволи“, Жозе Мурињо нема многу причини да се радува. Синоќа неговиот тим едвај извлече бод на „Олд трафорд“ против Евертон играјќи 1-1, откако Златан Ибрахимовиќ од пенал погоди за израмнување во 94.минута од средбата.
Интересно, но Манчестер јунајтед, од друга страна, ја има најдолгата серија без пораз во моментов во петте најквалитетни лиги во Европа. Тимот на Мурињо не знае за пораз веќе 20 натпревари, но од нив десет пати победи, а дури десет пати ремизираше. Во последните два меча, Манчестер јунајтед играше на домашен терен, и во ситуација кога брка пласман во ЛШ се очекуваа сигурни победи на ВБА и над Евертон. Но, Јунајтед играше 0-0 против Вест Бромвич Албион, а синоќа извлече 1-1.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.