Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, го остава своето луксузно „ауди А8“ каде што сака и како сака. Оваа фотографија покажува дека законите важат за сите , освен за Заев.
Луксузното „ауди А8“ на Заев денеска можеше да се забележи паркирано на тревникот пред Собранието на Република Македонија. И додека обичен граѓанин ќе заработеше казна за ваквата постапка, очигледно тоа не е случај кога Заев е во прашање.
Имено, доколку обичен граѓанин вака го паркира своето возило и доколку истото е дигнато од полицијата, според член 66 став 1 алинеја 15, за ваков прекршок би платил 150 евра глоба.
Овој член се однесува за паркирање на хортикултурно уредени зелени површини, градски зеленила и паркови. Автомобилот на Заев, чијашто вредност изнесува околу 70 илјади евра, е паркирано во зелената површина пред Парламентот.

Дополнително, како сопственик на ова возило на Заев се јавува правното лице „Тотал инженеринг“, односно фирма која е во сопственост на неговиот брат Вице Заев, поради што се отвора сомнеж дека возилото на фирмата на Вице Заев се злоупотребува за партиски цели на СДСМ и неговиот брат Зоран.
Инаку, токму фирмата „Тотал инженеринг“, во чијашто сопственост е луксузното „ауди“ со кое се вози Заев, изминатиот период беше спомнувана како една од многуте на кланот Заев која се офајдила од тендерите доделувани од Општината со која раководи Зоран Заев.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


