| четврток, 6 декември 2018 |

ЦДУ на Меркел повторно со сериозна предност пред социјалдемократите

меркел

Ривалот на германската канцеларка Ангела Меркел за позицијата шеф на германската држава од редовите на социјалдемократитите, кој за три месеци успеа да надомести околу 18 отсто разлика во рејтинзите на двете најголеми германски партии, повторно е со сериозен заостаток во рејтинзите.

Кандидатот на СДП Мартин Шулц, кој со својата тактика на напади врз дел од политиките на владата во која никогаш не учествувал а минатиот месец дојде и до водство пред Меркел, сега заостанува 7 отсто, според националната анкета спроведена од агенцијата „Форса“, јавува дописникот а МИА од Берлин.

Според директорот на агенцијата Манфред Гелнер заостаувањето на екс претседателот на Европскиот Парламент се должи на одличните резултати на ЦДУ на покраинските избори на кои и покрај очекувањата за неизвеснот партијата на Меркел оствари убедлива победа.

„Наредните неколки недели ќе покажат дали Шулц може да наметне одржливи политички решенија пред јавност и дали може да го надмине ударот од Сар“, вели шефот на агенцијата со седиште во Берлин.

На сојузните избори во Германија закажани за 24 септември се очекува да влијаат и резултатите од претседателските избори во Франција кои што ќе се одржат на 7 мај а на кои речиси извесно е дека во вториот круг ќе влезе кандидатката на крајната десница Марин Ле Пен.

Според последната анкета на Форса во моментов ЦДУ на Меркел заедно со баварската сестринска партија ЦСУ имаат 36 отсто поддршка во јавноста, СПД 29 проценти а крајните десничари од „Алтернатива за Германија“ (АФД) од речиси 15 % рејтинг колку шти имаа во екот на мигрантската криза сега имаат само 8 отсто поддршка.

Доколку нема значителни промени во рејтинзите на другите две левичарски партии „Левицата“ (9 проценти) и „Зелените“ (7 отсто) речиси извесно е дека Германија и по изборите повторно е има „Голема коалиција“ затоа што ниту ЦДУ/ЦСУ ниту СПД нема да можат да најдат партнери со кои ќе имаат контрола на над 50 проценти од германските пратеници. Во друга анкета на агенцијата „ИНСА“ објавена денеска спроведена по нарачка на весникот „Билд“ разликата меѓу ЦДУ и СПД е само 0,5 отсто односно 32,5 отсто за партијата на Меркел спрема 32 проценти за партијата на Шулц.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top