| четврток, 6 декември 2018 |

Делата на Омер Калеши во изложбениот салон на МАНУ

Вечерва, 4 април, со почеток во 19 часот во Изложбениот салон на Македонската академија на науките и уметностите ќе биде отворена изложба на дела од сликарот со македонско потекло и светска кариера Омер Калеши, кој пред три години доби Медал за заслуги за Македонија од претседателот Ѓорге Иванов…

Омер Калеши е роден во кичевското село Србица во 1932 година. Матурирал во средното техничко училиште во Скопје, а во 1956 година емигрирал во Турција. Во 1965 завршил студии на Ликовната академија во Истанбул. Се преселил во Париз каде што и денес живее и работи. Имал голем број изложби во Македонија и низ светот.

МАНУ соопшти дека на отворањето на изложбата на Калеши ќе се обратат претседателот на Академијата Таки Фити, академиците Газанфер Бајрам и Луан Старова и архитектот Климе Коробар.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top