| четврток, 6 декември 2018 |

Шампионот Иџе со поддршка „За заедничка Македонија“: Нема поголема чест од тоа да се бранат боите на својата држава

Најдобриот македонски автомобилист, шампионот Игор Стефановски-Иџе, даде поддршка за Граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“. Иџе е само уште еден од низата спортисти што застануваат зад „црвено-жолтата“ линија во одбрана на татковината.

-За мене како спортист нема поголема чест од тоа да се бранат боите на својата држава. Интонирањето на македонската химна на Имола, Хунгаро ринг и останатите елитни тркачки патеки низ Европа и поддршката од нашиот народ е она што ми дава мотив да се борам и да победувам за нашата татковина. Кон крајот на месецот, почнува новата сезона на ETCC, на познатата патека Монца, во Италија. Ќе биде голем предизвик за мене и за мојот тим уште еднаш да се искачиме на победничкиот пиедестал под македонското знаме – напиша Иџе на својата фан-страна.

Стефановски е најуспешниот македонски натпреварувач во автомобилски трки. Популарниот летачки Македонец е двократен европски шампион на ридски патеки.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top