Игор Стефановски Иџе ја заврши сезоната во ЕТЦЦ шампионатот на ФИА со петто место на втората трка во Мост, Чешка Република, додека домашниот фаворит Петр Фулин со победа ја запечати својата трета титула во шампионатот.
Стефановски шансите за титулата ги загуби во првата трка, кога во момент кога беше на првото место доби казна со минување во боксот за предизвикување на инцидент, по што заврши на осмото место.
Во втората ЕТЦЦ сезона во кариерата, поранешниот двократен светски шампион на ридски патеки, победи двапати (во Нирбургринг и Цолдер), и на крајот е на четвртото место во генерален пласман, зад Фулин, Унгарецот Норберт Наѓ и Швајцарецот Кристјоханес Шрајбер.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.