Излезот од кризата, како нешто што и единствено може да се случи, е во политички процес кој се одвива согласно формално-правната поставеност на институциите и на политичките чинители. Односно дека решенијата за да можат да ги разрешат разликите можат да бидат релевантни ако се засновани само со оглед на правниот и институционалниот систем како деклариран демократски пат.
Покрај декларативните залагањата за правна држава и за почитување на институциите, додуше инцидентно, сепак, како решение за излез од политичката криза, потребата за средба на лидерите на политичките партии во правец на донесување одлуки. Нешто што не само што излегува надвор од институционалните рамки, туку искуството покажа дека таквите средби во тесен круг, вообичаено, создаваат, давајќи отстапки, инцидентни решенија.
Затоа вистинското решение за постоечката политичка криза е таа да се разреши парламентарно, односно институационално според установениот правен поредок и институционалниот систем. Според принципиелниот став проблемите да се разрешуваат преку решенијата што се реализираат во институциите а промените се вршат, одвнатре, во системот.
Собраниската дебата, во моментов, се води околу изборот на Комисијата за избори и именувања и за изборот на претседателот на Собранието на Републиката. Основниот принцип на парламентарната демократија укажува на должноста да се почитува победникот на изборите како носител на парламентарната власт. И што условува да се прифатат неговите кадровски решенија за претседателот на Комисијата за избори и именувања но и за изборот на претседателот на Собранието. Односно да се почитува правото дека победникот од изборите кадровски ги обезбедува решенијата за претседателот на Комисијата и за Претседателот на Собранието, иако според чл. 84 од Уставот можно мандатот за состав на Владата од Претседателот на Републиката да го довери со оглед на подршката од мнозинството партии во Собранието.
Бидејќи на избори се освојува власта и се доверува волјата на граѓаните, и што мора да биде манифестирана и преку законодавната власт. Инаку би се поставило прашањето зошто би се одело на избори ако власта би можела да се обезбеди со подржувачи во Собранието.
Во последните дискусии како решенија за излез од кризата се претставени две визии . И тоа како паралелни пристапи во оценката и решението за надминувањето на состојбата. Се чини како визии, според вредностите, сфаќањата и убедувањата, на два паралелни светови. Манифестирајќи го редуцираното сфаќање на политичка улога на народот само на изборите и негирајќи ја неговата улога во непосредната демократија која се остварува преку различните облици на непосредното изјаснување и градење на јавното мислење. Како парадигмата што нашиот народ актуелно ја остварува на улицата. Со силен протест и како политички коректив против постоењето на паралелизмот помеѓу политиката и реалноста, за реализам во политиката и против испразнетоста при функционирањето на политичкиот систем од народната суштина.
Ваквата состојба не е случајна затоа што редуцираниот политички пристап произлегува од долготрајното дезавуирање, и како превидување на филозофскиот пристап, за припадноста на човекот на народ. Односно дека личноста е определена и според народот на кој припаѓа, и дека нашиот идентитетот се гради колку според во личното и според припадноста на народот. И дека потребата за идентификацијата на народот се јавува и како постојана потреба на личноста. Патот е преку развојот на културата на нацијата но за олицетворение на народната посебност.
Релативизацијата што ја изврши либералното разбирање на институциите – секој да работи што сака и без релација на индивидуата со општеството. Односно, апсолутизирајќи ги сите релации на општеството во индивидуата како своевидна институција и крајна претензија.
Затоа може да се заклучи дека поради содржинското неприфаќање на Тиранската платформа од страна на победникот на изборите и нејзиното масовно отфрлање од народот, како релевантни политички субјекти, единственото решение за да се надмине парламентарната криза, доколку потенцијалниот носител на мандат за состав на Владата не ја отфрли како програмска основа за вршењето на власта, да се побара Собранието да ја донесе одлуката за нови избори.
Ставовите искажани во рубриката Колумни се лични ставови на авторите и не се автоматски и ставови на редакцијата на Republika.mk. Редакцијата на Republika.mk се оградува од ставовите во објавените колумни, а одговорноста за изнесеното во нив е исклучиво на авторот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.