| четврток, 6 декември 2018 |

Премиера на монодрамата „Песни за татковината“ во Велешки театар

В среда, 5 април, на Малата сцена на Театар „Џинот“ Велес, со почеток во 20 часот ќе се одржи премиерната изведба на „Песни за татковината“, монодрама на актерот Петар Темелковски како дел од Годишната програма на театарот, поддржана од Министерството за култура на Република Македонија…

Поводот на Темелковски за постановка на својот авторски проект „Песни за татковината“ е 75-годишнинината од смртта на македонскиот поет, револуционер и хуманист Никола Јонко Вапцаров.

Како и во претходните монодрами од циклусот на Темелковски посветени на значајни фигури од македонската историја, и во оваа се користени архивски материјали од истражувањата на македонските историчари, како и документи достапни во архивите на Македонија, кои ги расветлуваат назначајните аспекти од животот и творештвото на Никола Јонко Вапцаров, еден од најсилните поетски таленти што твореле на македонски јазик.

Земајќи ја предвид силната актерска индивидуалност на Темелковски, но и неговата неприкосновеност во одбраната на македонскиот бит, македонскиот литературен збор, историја и сè што е врзано за Македонија, и оваа најнова монодрама на Петар Темелковски има емотивен пристап и поетична димензија, а личните коментари и ставови на актерот ја прават возбудлива и интригантна хронологија на значајни и нерасветлени настани не само од животот и творештвото на Никола Јонко Вапцаров, туку и од историјата на мaкедонскиот народ воопшто.

Билетите за премиерната изведба на претставата се веќе во продажба на билетарницата на театарот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top