На Саемот на книгата оваа година ќе може да се најде книгата „Скоро Парижанка: Како да ги преживееш своите доцни дваесетти …Во Париз“ на Јана Мишо. Книгата излезе во 2014-та година, како „Almost Parisian: How To Survive Your Late Twenties… In Paris” и се работи за роман, жанровски – хумор / романтична комедија.
Меѓу критиките од 4 и 5 ѕвезди на Амазон, пишува: „Би било одлично сценарио за романтична комедија
како на Вуди Ален.“
„Совршен лик за читање.“
„Обожавам да читам книги чии ликови сакаш да ги запознаеш
и во реалноста. Ликови за кои знаеш дека ако вистински постојат –
животот никогаш нема да биде досаден.“
„Брилијантна книга“.
„Те носи на места каде што не си ни знаел дека сакаш да одиш.“
„Шармантен осврт на работите што се битни во животот. 10/10“
„Криво ти е што завршува и те тера да копнееш по наредната.“
Промоцијата на Саем на книгата ќе биде утре, (среда), на 5-ти април, во 19ч. со Portioli кафе и на штандот на издавачката куќа Лакрима Литералис.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.