Јавна соба е домаќин на уште една дизајн изожба отворена за јавноста. Во среда, 20:00ч Катерина Микрут или Mikka design по потекло од Полска, живее и работи подолги години на релација Скопје – Битола, ќе претстави нова колекција на дизајнирани парчиња женски чевли. Чевлите кои “Mikka design” ги претставува се суплемент на облека и накитот, кои до сега се презентирани на модните настани во Скопје и Битола.
Главните инспирации на Микрут се самите материјали, нивните комбинации, експериментирањето со нив, нивното пренаменување, реупотреба и рачните техники на изработка, пред се плетењето. Одлично ги комбиира новите материјали и технологии достапни кај нас со занатските вештини и успева да извлече максимум од сето тоа.
Најновата линија ја сочинуваат ташни, сандали како и модни додатоци кои се пркачуваат на секојдневната облека. Сите изработени парчиња ги поврзува индустријата и природата. Користи и пренаменува индустриски материјали, нетипични за модната индустрија, кои се појавуваат заедно со текстил од природни состојки како волна, памук и сл.
Влезот во Јавна соба е слободен.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.