Вчерашниот бомбашки напад во метрото во Санкт Петербург, при кој загинаа најмалку 11 лица, а 51 се ранети, го извршил бомбаш-самоубиец, кој е идентификуван како Акбаржон Џалилов, роден во Киргистан во 1995 година. Киргистанскиот државен комитет за национална безбедност денеска соопшти дека Џалилов е руски државјанин, по потекло од градот Ош во јужен Киргистан.
Претходно, руските медиуми, повикувајќи се на полициски извори, јавија дека бомбашот-самоубиец е идентификуван како „23-годишен маж од централна Азија“, кој бомбата ја внел во метрото во својот ранец. Некои руски медиуми, пак, објавија дека напаѓачот е идентификуван како Максим Аришев (21), кој е државјанин на Казахстан.
Меѓутоа, заменик-директорот на казахстанскиот Комитет за национална безбедност, Ниргали Билисбеков, ги дементираше ваквите тврдења, нагласувајќи дека напаѓачот од Санкт Петербург „е роден во централна Азија, но не е од Казахстан“.
Руските медиуми информираа дека полицијата при преглед на безбедносните камери претходно регистирала едно лице, за кое постоел сомнеж дека можеби е бомбашот-самоубиец, но тој набрзо се пријавил во полициска станица, отфрлајќи каква и да било поврзаност со нападот. Како што јави ТАСС, руската полиција синоќа издаде потерници по две лица поради сомнеж за поврзаност со експлозијата во метрото во Санкт Петербург.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
По нападот во метрото во Лондон: Идентификуван осомничениот со помош на безбедносни камери
-
Ужас во Рим: Воз влечеше жена, торбата и’ се закачила на врата (видео)
-
Вонредна состојба: Сообраќајниот систем во Њујорк пред колапс
-
Во Германија уапсен Русин осомничен за нападот врз фудбалерите на Борусија Дортмунд