Лидерот на табелата во хрватскиот шампионат, екипата на Риека со вчерашната победа над Цибалија (3-0) ја задржа предноста од четири бода во однос на шампионот Динамо Загреб спроти големото дерби, кое е закажано за в сабота.
Сепак, предводникот на оваа прекрасна генерација на Риека, Матјеж Кек се соочува со сериозни проблеми пред решавачкиот натпревар против Динамо Загреб. Имено, македонскиот репрезентативец, Леонард Жута поради жолти картони нема право на настап за овој дуел, додека вториот Македонец што ги браните боите на овој клуб, Стефан Ристовски, како и Вешовиќ утрово се пожалија на повреди.
– Ристовски и Вешовиќ се пожалија на повреди, па сега преостанува лекарскиот тим да соопшти колкава е сериозноста и дали ќе можат да настапат в сабота – изјави Кек.
Оваа сезона Риека и Динамо се сретнаа двапати, во кои на домашен терен Риека славеше убедлива победа од 5-2, додека во Загреб натпреварот заврши без победник, 1-1.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Прекинато големото дерби, претсеателот на ПАОК влезе на теренот со пиштол (Видео)
-
Ристовски одигра 90 минути за Спортинг Лисабон, „зелено – белите“ го прегазија Маритимо
-
Новогодишното капење во Ријека се претвори во трагедија: Двајца локални жители се удавија (видео)
-
Во македонското дерби во ЛШ, Лазаров поуспешен од Борко