Екипата на Кире Лазаров, француски Нант е победник во македонското дерби во ракометната Лига на шампиони, откако ја Барселона на Борко Ристовски со 29-25.
Лазаров беше поуспешен од Ристовски иако натпреварот го заврши со само еден постигнат гол. Нант водеше во поголемиот дел од натпреварот, но клучната предност ја направи пред истекот на првото полувреме кога постигна шест гола во низа за 16:10, а Барса десет минути беше без реализиран погодок.
Херој на натпреварот беше домашниот голман Думулан кој оствари неверојатни 20 одбрани. Пет гола постигна Балегер, а по четири Лагард и Емене. Кај Барса, со пет гола зарши Дика Мем.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.