| четврток, 6 декември 2018 |

Ристовски одигра 90 минути за Спортинг Лисабон, „зелено – белите“ го прегазија Маритимо

Македонскиот репрезентативец, Стефан Ристовски се врати во стартниот тим на Спортинг, откако не одигра ниту минута во градското дерби со Бенфика и одигра 90 минути во убедливиот триумф на „зелено-белите“ против Маритимо од 5-0 (1-0) во 17. коло од Примеира.

Екипата на тренерот Жесус многу лесно го скрши отпорот на гостите и на почетокот од второто полувреме го реши прашањето на победникот. Резултатот го отвори Бас Дост, кој во вториот дел со уште два гола го комплетираше својот хет-трик. Меѓу стрелците се запишаа и Костариканецот Брајан Руиз и Аргентинецот Маркос Акуња.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top