Голема трагедија се случи на традициционалното новогодишно капење во хрватскиот град Ријека. Двајца локални жители се удавиле во разбеснетото Јадранско Море во месноста „Пучина“, јавија тамошните медиуми. Времето во моментите на несреќата било исклучително лошо, а брановите силни, што се гледа од снимката што ја објави весникот „Нови лист“.
– Не предупредуваа од хотелот да не се капиме поради силното невреме, по што се согласивме дека нема да пливаме туку само ќе се држиме за раце во круг да ја продолжиме традицијата, но брановите беа пресилни и дојде до трагедија. – изјавил за хрватските медиуми еден од учесниците на настанот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Хаос во Хрватска: Дождот ја потопи Ријека, а паѓа и снег (видео)
-
Извлечени паровите во плејофот за Лигата на шампионите, Ристовски и Жута на мегдан со Олимпијакос
-
Леонард Жута пред трансфер во австрискиот шампионат
-
Во текот на летото внимавајте на ова: Го пуштиле детето во езеро, по неколку часа починало во големи маки