Судскиот процес за случајот „Поткуп”, во кој обвинет е лидерот на СДСМ, Зоран Заев, денеска е одложено за 4. мај бидејќи обраната побара да им бидат доставени сите докази од предметот.
Судијката Дијана Груевска Илиевска го задолжи Обвинителството да ги достави доказите со цел адвокатите да можат да подготват одбрана.
За потсетување, рочиштата и претходно беа одложувани.
Според обвинението во случајот „Поткуп“, Заев се товари дека во својство на службено лице, како градоначалник на Струмица, од бизнисменот Иван Николов побарал поткуп од 163.924 евра, односно по 2 евра за еден квадратен метар градежно земјиште во Струмица, кое Николов бил заинтересиран да го приватизира.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.