| четврток, 6 декември 2018 |

Шпанија е фаворит, но Македонија не се предава

Женската ракометна репрезентација на Македонија е аутсајдер во двомечот против Шпанија за пласман на Светското првенство во Србија, следната година, но мотивите не недостасуваат за да се одигра најдобро и да се изненади големиот фаворит. Целта е јасна, да се оствари позитивен резултат барем на првиот натпревар што ќе се игра утре во СРЦ „Кале“, од 20.15 часот.

 Го остваривме сето она што беше замислено на подоготовките. Сите очекуваат Шпанките да имаат лесна задача, но јас можам да ветам дека нашите девојки ќе го остават срцето на терен и сите заедно се надеваме на позитивен резултат. Не можеме да ветиме пласман на СП бидејќи против себе имаме моќна селекција, но ние сигурно нема да излеземе со бело знаме -вели селекторот Гино Стрезовски.
Репрезентацијата претрпе сериозни измени во однос на последното Европско првенство, па во националниот дрес веќе нема да ги гледаме Тања Андреева, Јулија Николиќ и Драгана Пецевска.
Капитенот на нашата национална селекција, Билјана Црвенковска, најави максимална ангажираност на македонските ракометарки на утрешниот натпревар.
– Можам да повторам дека нема да се предадеме. Шпанија е апсолутен фаворит, но никој не е непобедлив, ние знаеме на домашен терен да одиграме страшно добро“ – изјави Црвенковска.
Раководството на Ракометната федерација на Македонија донесе одлука влезот за овој натпревар да биде бесплатен.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top