Најавуваното Панорамско тркало во центарот на Скопје е изградено и монтирано. Експерти од Англија веќе изведуваат пробни возења, а првото возење за јавноста, кое ќе биде по симболична цена, ќе се реализира за околу 2 недели. Инвеститорот ЈСП, кој ќе стопанисува со тркалото, планира, ако се биде во ред, првиот круг скопјани да го направат на прв ден Велигден.
Панорамското тркало е високо 73 метри од брегот на реката, со дијаметар од околу 57 метри, 30 гондоли, со капацитет за 300 луѓе.
Панорамското тркало кое ќе им пружи незаборавни моменти на жителите на главниот град, а секако ќе привлече и бројни турсити, а нам ни овозможи да ви пласираме добра првоаприлска шега.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.